Италија, Чешка и Словенија ќе играат на Европското првенство 2024

Фудбалерите на Словенија го слават пласманот на Евро 2024/фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Дознавме уште три репрезентации кои ќе бидат дел од следното Европско првенство кое ќе се одржи во 2024 година во Германија.

Италија во нашата квалификациска група во германскиот град Леверкузен успеа да дојде до бод кој ѝ беше доволен да го обезбеди второто место на табелата. Играчите на Лучијано Спалети одиграа без голови 0:0 против селекцијата на Украина.

Словенија во квалификациската група „Х“ во директна борба за второто место го совлада Казахстан со 2:1. На теренот во Љубљана водеа Словенците со голот на Шешко во 41 минута од пенал, на стартот од вториот дел израмни Казахстан преку Оразов, а победата на домаќините ја донесе Вербиќ во 86 минута.

Пласман на ЕП слави и Чешка која на домашен терен во Оломуц со 3:0 триумфираше над Молдавија во квалификациската група „Е“. На Молдавците бараа чудо и триумф за историски „билет“ на ЕП, но тоа не го дозволија Чесите кои запишаа погодоци преку Дудера во 14, Хори во 72 и Соучек во 90 минута.

Во другите мечеви: Албанија – Фарски Острови 0:0, Македонија – Англија 1:1, Северна Ирска – Данска 2:0 и Сан Марино – Финска 1:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот