Италија бара поддршка, а не дискриминација во борбата со Ковид-19

Владата на Џузепе Конте ги повика своите европски соседи на соработка, а не за изолација и дискриминација.

Италијанската Влада повика за меѓународна поддршка во напорите за спречување на ширењето на инфекцијата со новиот коронавирус во државата, каде што бројот на заразени достигна 477, а бројот на починати од петокот досега – 12.

Инфицираните лица кои дошле од Италија, ја пренеле болеста во неколку земји во Европа, па дури и во Бразил, која стана првата земја од Јужна Америка каде го има вирусот. Владата на Џузепе Конте ги повика своите европски соседи на соработка, а не за изолација и дискриминација.

– Вирусите не знаат граници и тие не ги запираат, рече министерот за здравство Роберто Сперанца на почетокот на кризната средба во Рим со претставници на Светската здравствена организација и Европската унија.

Кабинетот на Конте го бранеше начинот на кој се реагира во вонредната ситуација во државата, но ја потврди нејзината неможност да го открие потеклото на двете жаришта на зараза во северните провинции Ломбардија и Венето. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот