Италија бара истрага од ООН за смрта на амбасадорот во Конго

EPA-EFE/ETTORE FERRARI
Италија побара од Обединетите нации да започнат истрага и да се расветлат околностите околу смртта на италијанскиот амбасадор во Демократска Република Конго во нападот врз конвојот на Светската програма за храна, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.
„Ние официјално побаравме од Светската програма за храна и ОН да отворат истрага за да разјаснат што се случило, причините што го оправдуваат воспоставениот безбедносен систем и кој е одговорен за тие одлуки“, рече Ди Мајо во Парламентот.
Тој додаде дека Италија исто така очекува „јасни и сеопфатни одговори што е можно поскоро”.
Италијанскиот амбасадор Лука Атанасио им подлегна на повредите здобиени во нападот на конвојот на Светската програма за храна во провинцијата Северен Киву, во близина на границата со Руанда. Во нападот загинаа и телохранителот на амбасадорот од Италија и возачот од Конго.
Северен Киву важи за една од најопасните области во Конго, но, според официјалните лица, патот по кој се движел конвојот не барал придружба. Денес италијанските карабинери заминаа во Конго за да извршат истрага околу смртта на амбасадорот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот