Италија: 11 села се изолирани поради коронавирусот

фото: ЕПА

Ниту влегување, ниту излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата  не се дозволени без посебна дозвола.

По вонредната средба поради епидемијата на новиот коронавирус, италијанската Влада презеде активности за изолирање на 11 населени места, од кои повеќето се во северниот регион на Ломбардија, јави ДПА.

Ниту влегување, ниту излегување од области за кои се смета дека се места од каде се шири заразата  не се дозволени без посебна дозвола.

Сите јавни собири, спортски настани и други настани се забранети за една недела.

Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен. Тие мерки влијаат врз повеќе од 50.000 жители.

Две лица веќе починаа од новиот коронавирус во Италија, а бројот на заразени во земјата достигна 79.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот