Италија ѝ забрани на американска ВИ компанија да собира лични податоци

Архива на СП

Италијански регулатор објави дека и забранила на американската компанија за вештачка интелигенција „Реплика“ да собира лични податоци за да создаде „виртуелни пријатели“, предупредувајќи на ризик за малолетниците и емоционално кревките.

Компанијата „Реплика“ е основана во 2017 година во Сан Франциско и нуди аватари кои клиентите ги користат за разговор. Неговата бесплатна апликација е добро прифатена меѓу англиските говорници и а приходите се околу 2 милиони долари месечно, во главно од продажбата на дополнителните функции, како што се гласовните разговори.

Од стартапот тврдат дека виртуелните пријатели можат да ја подобрат емоционалната состојба на корисникот. Италијанскиот регулатор верува дека интервенцијата на расположението „може да ги зголеми ризиците за поединци кои се уште се во фаза на развој или се емоционално кревки“.

Тие исто така предупредија дека апликацијата не вклучува механизам за проверка на возраста на корисникот. „Реплика“ исто така ги прекршува европските прописи за приватност и незаконски обработува лични податоци, нагласија регулаторите на крајот од минатата недела, објаснувајќи дека апликацијата не се заснова на договори бидејќи малолетниците не можат да ги потпишат.

Авторите на „Реплика“, американската компанија „Лука“, во рок од 20 дена треба да достават до регулаторот извештај за мерките што ги презеле за исполнување на нивните барања. Во спротивно, се соочуваат со казна до 20 милиони евра или до четири отсто од светскиот годишен промет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот