Исвиркувањето на македонскиот јазик на манифестацијата платена со државни пари е изолирана провокација, велат од Владата

Фото: Влада на РСМ

Прослава на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор мина во сенка на однесувањето на дел од присутните на забавата.Рекации во јавноста предизвика исвиркувањето на водителката, кога таа на публиката и се обрати на македонски јазик.

Од Владата за порталот „Локално“ велат дека се работи за „изолирана провокација, какви што имало и ќе има“.

-Најважно од сѐ е што за разлика од порано, ваквите обиди немаат поддршка од ниту еден претставник на власта, велат од Владата.

Од „Илинденска“ објаснуваат дека потпишувањето на Охридскиот рамковен договор има донесено придобивки за развој на демократско општество и претставува зааеднички успех и вредност со што Северна Македонија треба да се гордее и да го промовира како модел.

„Тој веќе цели две децении е основа на меѓуетничката стабилност и меѓусебното почитување.Дополнително како резултат на политиката на оваа Влада, имаме релаксирани меѓуетнички односи како никогаш порано. Секој граѓанин, без оглед на етничката, верската или која било друга припадност, ја чувствува Северна Македонија како своја држава која се грижи за правата на сите.Токму затоа, секој обид за поткопување на постигнатото нема никаква поддршка и Владата го смета за изолирана провокација какви што имало и ќе има. Најважно од се’ е што за разлика од порано, ваквите обиди немаат поддршка од ниту еден претставник на власта“, велат од Влада.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ побара Ковачевски, Груби и другите функционери од власта да се оградат, осудат и да им се извинат на македонските граѓани за скандалот со омаловажувањето на македонскиот јазик.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, за случајот рече дека тоа е голем скандал и праша дали министерката за култура мислела на вакво „развеселување“ кога го правдаше трошењето народни пари за партиски прослави.

„Се работи за настан платен со владини, односно државни пари. На тој настан се исвиркува македонскиот јазик, истиот тој кој Владата евтино го распродава и во преговорите со Бугарија. За вакво ли развеселување мислеше министерката за култура, кога го правдаше трошењето народни пари за вакви партиски прослави. Срамот е голем што од Владата отсуствува секаква реакција. Со национализам политика не се тера. Ова само ја покажува поделеноста на општеството и постоењето на два паралелни света. Таквите бариери се градени од политичките елити на власта за полесно да може да ги остваруваат личните интереси поврзани со бизнис-мотиви, додека граѓаните Македонци и Албанци тонат во вештачката омраза која е подгревана од политичарите на кои тоа им одговара“, вели Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот