Исвиркана владината делегација на Мечкин Камен: Ова е место за херои, не за предавници

На Мечкин Камен во Крушево околу 11.30 часот релативно мал број посетители ги пречекаа претставниците на Владата, кои беа исвиркани од дел од присутните.

„Ова е место за херои, не за предавници“, „Никогаш Северна, само Македонија“ , викаа присутните кон владините функционери.

Во Крушево каде што настаните се одбележуваат под покровителство на републичкото Собрание, владината делегацијаја претставуваат вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а свое обраќање ќе има потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, кој го заменува претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Видеото може да го видите ТУКА.

 

 

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот