Исусовата пештера од Витлеем блесна и во Кичево

На плоштадот ќе се постави голема реплика на Витлеемска пештера во која се родил Господ Исус Христос.

На голема радост на православните христијани од Општина Кичево, градоначалникот Фатмир Дехари дозволи на плоштадот да се постави и голема реплика на Витлеемска пештера во која се родил Господ Исус Христос.

– Граѓаните од Општина Кичево од православната христијанска вероисповед со дозвола на градоначалникот Фатмир Дехари ќе имаат можност да ја видат Витлеемеската пештера која ќе го краси центарот на Кичево за време на чествувањето на големиот христијански празник, Рождество Христово, вели Емин Насуфи од  општината

Со овој чин, посочи тој, градоначалникот покажуваа граѓанска грижа и совесност кон сите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот