Истражувањето открило: Број на часови спиење кои го загрозуваат здравјето на целиот организам

Фото: Пиксабеј

Најновата научна студија покажува дека спиењето што трае помалку од пет часа може да го загрози здравјето на организмот за 15 отсто.

Кога човек е буден, мозокот, како и остатокот од организмот, користат хемиски супстанции познати како невротрансмитери за меѓусебна „комуникација“, односно испраќање информации од нервниот до имунолошкиот и другите системи.

Спиењето помага да се одржат резервите на невротрансмитери на оптимално ниво.

Кога човекот не спие доволно или има лош сон, телото произведува помалку невротрансмитери.

Како последица на тоа, многу функции на телото, вклучувајќи го и имунолошкиот систем, не функционираат најдобро.

Имено, додека човекот спие, организмот произведува повеќе бели крвни зрнца и цитокини/производи на клетките на имунолошкиот систем/, кои делуваат како гласници на имунолошкиот систем и помагаат во борбата против инфекции и болести.

Со самото тоа, лошиот сон може да предизвика нивно намалено производство, што влијае на опаѓање на имунитетот.

Недостатокот на сон го прави човекот поподложен дури и на обична настинка, предупредуваат истражувачите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот