Истражување: Загадувањето на воздухот во 2019 година предизвика смрт на повеќе од милион луѓе во Африка

Фото: EPA-EFE/NIC BOTHMA

Најновото научно истражување откри дека во текот на 2019 година, загадувањето на воздухот во Африка предизвика смрт на 1 091 000 луѓе, јавува Анадолија.

Истражувањето е спроведено врз основа на официјални податоци од Светската здравствена организација, а резултатите се објавени во научното списание „Лансет планетари хелт“.

Во извештајот се наведува дека 697 000 Африканци починале како резултат на вдишување на воздух, загаден во нивните домови со јаглен и масла што се користат за греење, додека 394 000 луѓе починале поради општо загадување на воздухот.

Исто така, беше анализирано влијанието на загадувањето на воздухот врз економијата во Африка, па се наведува дека оваа појава само во Етиопија во 2019 година предизвика штета на буџетот од три милијарди долари. Штетата во Гана се проценува на 1,63 милијарди долари, а во Руанда 349 милиони долари.

Научниците предупредуваат дека растот на бројот на смртни случаи предизвикани од загадувањето на воздухот на отворено е особено загрижувачки и наведуваат дека овој негативен тренд може да расте поради забрзаната урбанизација и индустријализација во Африка.

Научниците предвидуваат дека до 2100 година, населението во Африка ќе се зголеми тројно од сегашните 1,3 милијарди на 4,3 милијарди.

По сидата, загадувањето на воздухот е втората најчеста причина за смрт во Африка.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот