Истражување: Втората доза на вакцината на „Астра-Зенека“ не го зголемува ризикот од крвни згрутчувања

астра зенека
Во моментот, Министерството за здравство има на располагање 30 илјади дози вакцини од Астра Зенека, Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Примена втора доза на вакцината на „Астра-Зенека“ не резултира со зголемен број на случаи на создавање на крвни згрутчувања кај луѓето со ниски тромбоцити, се дознава од студијата објавена во магазинот „Лансет“, пренесе Хина.

Резултатите на студијата покажуваат стапка на синдромот тромбоцитопенија од 2.3 на милион вакцинирани после втората доза на вакцината, што е вообичаена бројка кај луѓето кои не се вакцинирани. За споредба, појавата на синдромот после првата доза изнесуваше 8.1 на милион вакцинирани.

Истражувањето го финансираше и го спроведе „Астра-Зенека“, проучувајќи ги пријавените случаи на несакани ефекти во рок од 14 дена од примањето на првата или втората доза на вакцината. Во Европска економска област досега се забележани 316 случаи на синдромот тромбоцитопенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот