Истражување открива: Луѓето кои работат од дома имаат подобар сексуален живот

Фото: Yan Krukau / Pexels

Веќе знаеме дека зголемениот пристап до работа од дома и флексибилните работни аранжмани имаа огромно позитивно влијание врз животите на многу луѓе.

Хибридната работа го намали стресот и исцрпеноста кај вработените овозможувајќи им да постигнат поздрав баланс помеѓу работата и животот.

Шокантните податоци од истражувањето на порталот „Боди+соул“ во Австралија покажуваат дека работата од дома влијае и на сексуалниот живот на луѓето, односно луѓето имаат повеќе секс, пишува „Њујорк пост“.

Од 2.000 испитаници, 48 отсто избрале дека најголемата пречка за сексот е стресот и исцрпеноста. Испитаниците исто така тврделе дека помалку енергија и стареење се други фактори кои ги попречуваат во сексот.

Се чини дека флексибилното работно време има најголемо влијание врз помладите Австралијци, а речиси половина од помладите од 30 години велат дека начинот на кој работеле им овозможува повеќе секс.

„Кога ја истражувавме нацијата, стресот и притисокот врз трошоците за живот беа една од најголемите бариери за сексот“, рече главниот уредник Жаки Муни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот