Истражување: Новиот нехормонален лек може да ги намали валунзите во менопаузата

Фото: Профимедиа

Експериментална нехормонална таблета успешно ги намалила топлите бранови и ноќното потење кај жените во менопауза во големото испитување во доцна фаза, објавија истражувачите во стручниот магазин „Лансет“.

Продолжената употреба на хормонската терапија, иако ефикасна, се поврзува со мал, но значителен ризик од рак на дојка.

Лекот, фезолинент, што го разви јапонскиот производител на лекови „Астелас фарма“ (Astellas Pharma), е дизајниран да ја блокира хемикалијата која ја модулира активноста на нервните клетки во делот од мозокот кој ја регулира температурата на телото. Лекот е испратен до регулаторите во САД, Европа и Австралија, а одлуката на американската Агенција за храна и лекови (ФДА) се очекува во мај.

Во повеќе од 97 болници во САД, Канада и Европа, 527 претежно бели жени на возраст од 40 до 65 години со просечни седум или повеќе умерени до тешки топли бранови на ден, по случаен избор биле распоредени да добијат 30 мг или 45 мг фезолинент или плацебо дневно во тек на 12 недели.

„Двете дози доведоа значителни подобрувања во фреквенцијата и јачината на валунзи и ноќно потење во споредба со плацебото, со ефектите забележани веќе во првата недела“, рекла д-р Женевје Нел-Пери од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Северна Каролина.

По 12 недели, двете групи за лекување продолжиле да ги земаат лековите секој ден уште 40 недели. Раните подобрувања се одржани во текот на целиот 52-неделен период на студијата, велат истражувачите.

Прашалникот за проценка на квалитетот на животот специфичен за менопаузата покажал „значително и клинички значајно подобрување“ за оние кои земаат фезолинетант, пренесува Ројтерс.

Резултатите од испитувањето додаваат докази дека лековите од класата на фезолинент познати како антагонисти на NK3R ќе обезбеди безбеден и ефикасен пристап за лекување на симптомите на менопауза „во идната клиничка пракса, без потреба од изложување на естроген“, рекла д-р Јулија Праг од Универзитетот во Ексетер во Велика Британија.

Слична студија за фезолинент во Азија „не ги покажала истите нивоа на ефикасност како што е забележано кај претежно белите Американки и Европјанкии“, забележала таа, така што не е јасно дали резултатите ќе бидат исти за сите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот