Истражување: Негативното го надминува позитивното на социјалните медиуми

Фејсбук, Инстаграм и Ватсап / Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Поверојатно е дека политичките објави на социјалните медиуми ќе станат вирални доколку во нив се критикуваат противниците, во споредба со оние што се поддржува колега со ист политички став, покажа британска студија.

Аналитичарите од Кембриџ проучуваа речиси три милиони твитови и објави на Фејсбук од американските медиуми и политичари и открија дека оние во кои се исмејуваат ривали ќе бидат двојно почесто споделени од објавите што поддржуваат колега од ист политички спектар.

Исто така, беше откриено дека објавите за политичките противници добија повеќе од двојно лути емотикони од „лајкови” на афирмативни објави.

Резултатите се објавени во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, пренесува Хина.

– Удирањето по политички противник е најдобриот показател дека објавата ќе стане вирална. Истото важи и за оние што се наклонети кон демократите и оние кон републиканците, без разлика дали се работи за Фејсбук или Твитер, вели авторот на студијата Стив Ратје од Кембриџ.

– Социјалните мрежи не држат максимално ангажирани поради продажбата на реклами. Таквиот бизнис модел на крајот ги наградува политичарите и медиумските компании кои произведуваат содржина со цел поттикнување поделба, додаде тој.

– Нашата студија сугерира дека чувствата на омраза многу повеќе го привлекуваат вниманието на корисниците отколку позитивните емоции во кои се изразува љубов, што веројатно поттикнува опасна политичка клима, заклучи тој.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот