Истражувањата потврдија: Јадете го ова овошје пред спиење и побрзо ќе заспиете

несоница
Фото: Профимедиа

Здравствените состојби, како и стресното секојдневие, може сериозно да го загрозат квалитетот на сонот. За среќа, овој проблем може да се ублажи со некои едноставни промени. На пример, некои експерти поттикнуваат консумирање на овошје со цел да се зголеми времетраењето и квалитетот на сонот. Поточно, црешите и кивито се покажаа како корисни за подобрување на ефикасноста на сонот, пишува „Експрес“.

„Азиско-пацифичкиот журнал за клиничка исхрана“ (Asia Pacific Journal of Clinical Nutrition) беше меѓу првите што ги истакна придобивките од киви за сонот. Според истражувањето објавено од тоа списание, кивито содржи голем број на соединенија, вклучувајќи и антиоксиданти и серотонин, кои имаат корисен ефект врз лекувањето на нарушувања на спиењето.

До тој заклучок научниците дошле откако спровеле истражување на примерок од 24 испитаници на возраст од 20 до 55 години. Сите учесници консумирале киви еден час пред спиење секоја вечер четири недели. По четири недели, тие покажале поголема сонливост пред спиење и времето што им било потребно за да заспијат било намалено.

„Вкупното време на спиење и ефикасноста на спиењето беа значително зголемени“, тврдат авторите на студијата, иако бараат дополнителни истражувања за да се потврдат овие ефекти.

Клиничкиот психолог Мајкл Бреус смета дека кивито не е единствената храна која поттикнува сон.

„Тука спаѓаат и темно лиснатиот зеленчук, бананите, јаткастите плодови, семките, цитрусите, доматите и житарките од цели зрна. Храната богата со калциум помага да се зголеми нивото на мелатонин“, тврди тој.

Уште едно овошје за подобрување на сонот кое често се спомнува е киселата вишна. Во едно мало истражување, спроведено од Државниот универзитет во Луизијана, сокот од вишна го продолжил времето на спиење на постарите лица кои страдаат од несоници за 84 минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот