Истражување: Звуците на природата се корисни за вашето здравје

unsplash

Maлку работи на светот опуштаат како шепотот на ветрот низ дрвјата или звукот на жуборење на планински поток, но испаѓа дека овие звуци прават нешто повеќе од тоа само да ви помогнат да заспиете. Звуците на природата всушност можат да бидат корисни за вашето здравје.

Тим на истражувачи од „Државниот универзитет во Мичиген“, „Универзитетот Карлетон“ и „Државниот универзитет во Колорадо“ соработувале со Националната служба за паркови за да испитаат како природните звуци влијаат на човечкото здравје. Тие анализирале 18 истражувања и откриле дека само слушањето на звуците на природата има моќ да намали стрес и болка, да ја подобри когнитивната функција и да го подобри расположението.

Истражувачите не се баш сигурни зошто постои оваа корелација помеѓу звуците на природата и здравјето, но тие веруваат дека тоа е така затоа што звуците на природата ги поттикнуваат нашите мозоци да го пренасочат нашиот фокус кон надвор, додека звуците создадени од човекот ги поттикнуваат нашите мозоци да го пренасочат нашиот фокус навнатре предизвикувајќи дополнителен стрес.

unsplash

Со подлабинска анализа, тие дури откриле корелации помеѓу различни звуци на природата и посебни придобивки. Звуците на птиците биле поврзани со намален стрес и нервоза, додека звуците на вода го подобрувале спокојството, свесноста и релаксацијата.

Овие здравствени придобивки се основа на практики како јапонската традиција на „шумско капење“ и дел од причината зошто времето поминато во природа е толку добро за нашето ментално здравје. Ако немате лесен пристап до природа во вашиот секојдневен живот, не грижете се!

Истражувачите објаснуваат дека дури и кога се мешаат со звуци од урбаниот дел на животот, звуците на природата се сепак корисни. Блокирање на звуци предизвикани од човекот во вашиот дом или едноставно пуштање на плејлиста со звуци од океан, исто така, придонесува за здравјето, пренесува „The Optimist Daily“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот