Истражување за вакцината на Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“: Ефикасна е 70 отсто, но е поевтина и полесна за транспорт и чување

Фото: EPA-EFE/SIPHIWE SIBEKO / POOL

Вакцината што ја разви Универзитот Оксфорд во соработка со компанијата „АстраЗенека“ е со ефикасност од 70 отсто кај лицата со развиени симптоми на ковид-19, покажа едно големо истражување.

И додека од една страна е добра вест, од друга страна е разочарување во споредба со вакцините на „Модерна“ и на „Фајзер“/„БајонТех“ кои се 95 отсто делотворни, наведува „Би-Би-Си“.

Но, како предности на оксфордската вакцина се посочуваат нејзината ниска цена и што е полесна за транспорт и чување за разлика од конкурентските на „Модерна“ и на „Фајзер“/„БајонТех“ кои веќе отворија многу прашања и дилеми за производот што треба да обезбеди спасување на светот.

Владата на Велика Британија однапред нарача 100 милиони дози од вакцината, што ќе бидат доволни за имунизација на 50 милиони лица.

Во клиничките испитувања на вакцината на Оксфорд и „АстраЗенека“ беа вклучени 20.000 волонтери, по пола од Велика Британија и од Бразил. Ковид-19 беше регистриран кај 30 лица кои примија две дози на вакцината и кај 101 кај луѓе кои примија плацебо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот