Истражување за среќата: Финците најсреќни во светот, Македонија најлошо рангирана од земјите од поранешна Југославија

И покрај пандемијата од коронавирус, Финска успеа да го задржи првото место на листата на Обединетите нации и да си задржи титулата најсреќна земја во светот.

За авторите тоа не е „никакво изненадување“ и истакнуваат дека Финска „секогаш била високопласирана врз основа на мерките за меѓусебна доверба кои помогнале да се заштитат животите и егзистенцијата во време на пандемија, пренесува порталот CDM.

На чело на финската влада е премиерката Сана Марин и таа земја е една од 23 држави опфатени со истражувањето со кои управува жена. Финците “настојуваат да ја ускладат политиката со општото чувство на благосостојба, наведуваат авторите.

Скалилото на среќата се заснова на статистички податоци од истражувањето на Галуп за тоа колку самите граѓани се чувствуваат среќно.

Индексот на среќата се заснова на факторите како што се БДП по глава на жител, очекуваниот животен век на граѓаните, слободата, перцепцијата за корупција во владата и стопанските субјекти.

Како и обично на врвот на листата се земјите од европскиот север, па по Финска следуваат Данска, Швајцарија, Исланд, Холандија, Борвешка, Шведска, Луксембург, како и Нов Зеланд надвор од Европа, а на 10. место е Австрија.

Хрватска го зазеде 60. место со оценка 5.882, а во нејзиното соседство меѓу земјите од поранешна Југославија послаби се Босна и Херцеговина на 64. место, Црна Гора на 72. и Македонија на 94. место. Далеку подобро се рангирани Словенија на 29. место и Србија на 48. место.

САД на листата се на 20. место, Русија на 77, Кина на 85, а Индија на 140 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот