Истражување: Врсничко насилство постои кај средношколците без начин како да биде запрено

Вербалното е најчест облик на врсничко насилство во училиштата, а по него следуваат насилството преку социјалните мрежи и физичкото насилство. Речиси сите пријави за насилство завршуваат во училиштата зашто недостига меѓусекторска координација за да може да се превенира.

Ова го покажува истражувањето на Коалицијата на младински организации СЕГА спроведено во мај годинава во 15 средни училишта во осум општини: Битола, Кичево, Прилеп, Штип, Струга, Струмица, Кавадарци и Охрид. Со анонимен прашалник биле интервјуирани речиси 1.500 средношколци од 14 до 18-годишна возраст, како и 30-ина наставници или стручен кадар (психолози и педагози), а Коалицијата СЕГА денеска ги презентираше резултатите.

– Истражувањето покажа дека 70 проценти од вкупниот број испитаници изјавиле дека постои насилство и тоа е фрапантен податок, 15 отсто изјавиле дека биле жртви на насилство од врсници. Половина од вкупниот број испитаници кажале дека насилството подеднакво постои и кај машките и кај женските. Насилството реално постои и се случува, а од аспект на интервенција затајуваат внатрешните процедури. Учениците не знаат што да направат, недостигаат информации каде треба да се пријави, а 55 отсто велат дека би пријавиле. Има и ученици кои немаат храброст и се плашат да пријават, изјави Зоран Илиески, извршен директор на СЕГА.

Прочитајте и...  Унгарија ги отвори границите за српските државјани

Со истражувањето не е опфатен главниот град. Скопје, рече тој, е намерно избегнат затоа што ги интересирало што се случува во средните училишта во внатрешноста.

Авторката на анализата Марија Нашоковска посочи дека со истражувањето се обиделе да ги дознаат перцепциите на учениците, од една страна како сведоци на насилство во училиштата, а од друга страна како насилници или како жртви.

Под вербално насилство, кое е најзастапено според истражувањето, се подразбира озборување, исмејување, навредување во континуитет. Нашоковска смета дека несериозен е пристапот за разрешување на овој тип насилство, за кое децата-жртви прво се обраќаат кај своите родители.

– За превенција на врсничко насилство нема посебен механизам, туку важат истите механизми како за нарушување на куќниот ред во училиштето. Најмногу се користат писмена опомена од класен раководител и намалено поведение. Учениците, а и наставниците, го сфаќаат вербалното насилство како обична детска расправија. Но, ако тоа не се решава и ако не се интервенира во моментот, понатаму може да стигне во пострашни форми на насилство, дури и до физичко насилство, рече Нашоковска.

Прочитајте и...  Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Истражувањето дава препораки на две нивоа – да се работи директно со родителите зашто тоа ќе ја засили превенцијата, а кај  наставниот кадар да се развијат вештини за примена на наставни програми и содржини за мирно решавање конфликти.

Прочитај повеќе

Нетанјаху: Израел ќе го прошири својот суверенитет над делови од окупираниот Западен Брег

Слободен печат

По десетнеделен карантин, Бајден за првпат излезе од дома

Слободен печат

Деновиве ќе се носат уредби за третиот сет мерки

Слободен печат

ЗОО Скопје од денес отворена за посетители, но со нов протокол на движење

Миа Агенција

Истекува третата вонредна состојба, партиите се уште без консензус за датумот за избори

Слободен печат

Во Велика Британија од 15 јуни се отвораат објектите за трговија на мало

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Два дена без починати од коронавирус, Скопје на врвот во однос на бројот на заболени

Слободен печат

Посвежо време со дожд и ветер, температура до 21 степен

Слободен печат

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото денеска?

Слободен печат

Во Сао Паоло погреби на секои 10 минути, а епидемијата сѐ уште не го достигна својот врв

Слободен печат

Мјанмар првиот извештај за заштитата на Рохинџите го поднесе до Судот на ОН

Слободен печат

Русија забрани увоз на гориво на четири месеци

Слободен печат