Истражување во Турција: Вакцината на „Синовак“ ефикасна 83,5 отсто

Клиничките истражувања во Турција потврдуваат дека вакцината на кинеската компанија „Синовак“ е 83,5 отсто ефикасна против ковид-19, што е значително поголем процент во однос на оној што е утврден на клиничките тестирања во Бразил, каде ефикасноста изнесувала 50,38 проценти.

Вакцината „КоронаВак“, произведена од „Синовак Биотех“, била 100 отсто ефикасна во спречување на хоспитализацијата, покажуваат податоците од третата фаза од истражувањето на престижниот Универзитет Хачтепе во Анкара.

Турција го започна тестирањето на вакцината од септември минатата година, а првичните резултати покажале дека „КоронаВак“ е ефикасна 91,25 отсто.

Владата на Турција постигна договор за купување на 100 милиони дози од вакцината на Синовак и ја започна вакцинацијата на граѓаните во јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот