Враќање на задолжителниот воен рок наидува на поддршка од три четвртини од младите во Србија, а речиси 40 отсто од н ив доброволно би заминале да војуваат за земјата, покажува истражувањето на агенцијата „Хаус оф вин“, пренесува блиц.рс.
На таквата идеја се противат 24 отсто од испитаниците додека нешто повеќе од три отсто од испитаниците на возраст меѓу 17 и 30 години немаат став по тоа прашање.
Меѓу оние кои поддржуваат враќање на воениот рок, 80 отсто навеле дека би служеле со оружје во касарна.
Истражувањето покажа и дека враќање на обврската ја поддржуваат околу 8п0п отсто од анкетираните во Шумадија и во Западна Србија. околу 75 отсто од југот и истокот на земјата, а најнизок процент на поддршка е забележан во Белград – околу 69 отсто.