Истражување во Србија: Антитела најбрзо создава вакцината на Фајзер, а најспоро кинеската

Фото: EPA-EFE/Lukasz Gagulski POLAND OUT
Истражување во Србија покажа дека сите три вакцини кои се употребуваат во Србија имаат многу добар одговор во создавање антитела. 
Како што пренесе агенцијата Бета претставничката на Институтот за примена нануклеарна енергија Маја Гњатовиќ изјави дека ова е резултат од  репрезентативно истражување на примероци од лекарите кои беа вакцинирани против корона вирусот.
Таа препорачува граѓаните кои сакаат да проверат создавање антитела тоа да го направат најрано две недели по примање на втората доза од вакцината и во изјава за РТС додаде дека брзината на формирање на антитела се разликува во зависност од вакцината.

Според неа најбавно се формираат антитела по примање на кинеската вакцина Синофарм, но се очекува дека тој одговор трае подолго, односно дек антителата подолго се задржуваат во организмот.

„Вакцината на Фајзер веќе по првата доза покажува резултати во создавање антитела на ниво на некоја потешка клиничка слика при природно заразување“, рече Гњатовиќ, и додаде  „меѓу првата и втората  можно е луѓето да се заразат, да се почитуваат епидемиолошките мерки додека не се докаже дека вкцинираните луѓе не може да го пренесуваат вирусот“.

Србија деновиве ќе почне вакцинацијата со вакцината на Астразенека, чии први количини вчера стигнаа во Србија, бидејќи таа вакцина е одобрена од ЕУ и процедурата за ставање во употреба на оваа вакцина е побрза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот