Истражување: Вакцината на „АстраЗенека“ и Оксфорд успешно ги следи генетските упатства

EPA EFE
Фото: ЕПА

Вакцината против ковид-19 од компанијата „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд правилно ги следи програмираните генетски упатства за успешно градење силен имунитет, покажа деталната анализа на независни британски научници.

-Вакцината прави сè што очекувавме и тоа е добра вест во нашата борба против болест- рече Дејвид Метјуз, експерт за вирусологија на Универзитетот во Бристол, раководител на истражување за вакцини.

„АстраЗенека“, компанијата што ја развива вакцината во соработка со истражувачи од Оксфорд, се смета за лидер во трката за развој на вакцина против ковид-19.

Умре волонтер кој учествувал во тестирањето на Оксфорд вакцината против ковид-19

Резултати пред крајот на годината

Клинички испитувања, на широк спектар на испитаници, се спроведуваат во неколку земји низ светот како што се Бразил, САД и Велика Британија, а резултатите се очекуваат пред крајот на годината.

Вакцината под името ChAdOx1 или AZD1222 е направена со употреба на вирус од обична настинка наречен аденовирус земен од шимпанза, а потоа се „избришани“ околу 20 проценти од нејзините „инструкции“.

Ова значи дека вакцината е невозможно да се реплицира или да предизвика болест кај луѓето.

Детали: Волонтерот кој умре на тестирањето на Оксфорд вакцината, примил друга вакцина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот