Истражување: Три четвртини британски компании не се подготвени за брегзит

Три четвртини од британските компании не се подготвени за брегзит, се нагласува во истражување на Институтот ИоД. (Institute of Directors)

Половина од речиси 1.000 анкетирани шефови на деловни активности велат дека не можат да се подготват во моментот, помеѓу нарушувањето предизвикано од пандемијата на коронавирусот и потребата за детален излез на Велика Британија од ЕУ до крајот на периодот на транзиција кон крајот на декември.

Една четвртина велат дека се подготвени, и тоа се фирми претежно во финансискиот сектор.

ИоД повикува на „прогресивно спроведување во корист на сите” на промените што ќе произлезат од брегзит и „помош за малите и средни фирми да имаат пристап до професионалци” и подобро да се подготват.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот