Истражување: Со намалување на загадувањето може да се спречат околу 50 илјади смртни случаи во Европа

epa08939967 A truck emits petrol fumes in Abidjan, Ivory Coast, 15 Janury 2021. The European program which aims to assess the impact of air pollution on health and ecosystems, as well as on meteorology in southern West Africa and called (DACCIWA) concluded after a study that the district of Abidjan is highly polluted and that more than 67 percent of Abidjanais suffer from acute respiratory infections due to air pollution. EPA-EFE/LEGNAN KOULA

Ограничување на загадувањето на воздухот до препорачаните нивоа на СЗО може да спречи 50.000 предвремени смртни случаи годишно во Европа, се наведува во студијата објавена во списанието Лансет Планетари Хелт (Lancet Planetary Health).

И годинава аерозагадувањето ќе го мерат само приватните лаборатории

Научниците споредија повеќе од 800 градови со ризикот од рана смрт предизвикана од два вообичаени загадувачи – азот диоксид – од автомобилите, и ситни честички од прашина, како што се чад, прашина и саѓи.

Одлука на ДИЖС: Кочански „Пејпер Мил“ е казнет со 20.000 евра поради загадување, следно забрана за работа

Компаративните графикони ја покажуваат состојбата на градовите и податоците за квалитетот на воздухот.

„Градовите се центри на загадување на воздухот”, нагласи водачот на студијата Марк Њуанжан од Институтот за глобално здравје во Барселона. Тој додаде дека се надева оти нивното истражување ќе им помогне на луѓето да ја сфатат опасноста од „тивкиот убиец”.

ВИДЕО: Прв пат во историјата на Британија судот пресуди дека деветгодишно девојче починало од загадување на воздухот

Истражувачите користеле специфични податоци за квалитетот на воздухот за секој град за да пресметаат колкав процент на смртни случаи може да се припише на изложеност на азот диоксид и честички од ситна прашина.

Околу 51.000 предвремени смртни случаи од ситни честички и 900 од азот диоксид може да се спречат годишно ако загадувањето спаѓа во стандардите на СЗО. Во просек, 84 проценти од градското население е изложено на препорачаните нивоа на СЗО за честички и девет проценти за азот диоксид. Препорачаната граница на СЗО за ПМ2,5 честички е 10 микрограми/ м3.

Мадрид е на врвот на списокот на жртви на азот диоксид со седум проценти смртни случаи предизвикани од тој загадувач. Следат Антверпен, Торино, Париз и Милано. Градовите во долината на реката По во Италија, јужна Полска и источна Чешка имаат најголем ризик од смрт поради загадувањето на воздухот со ситни честички прашина од индустријата или греењето. Северноевропските земји како Исланд, Норвешка и Шведска имаат градови со најмала смртност поради загадувањето на воздухот.

Околу седум милиони луѓе умираат предвреме во светот годишно од загаден воздух.

Студијата се фокусира на скриените ефекти врз здравјето на урбаното загадување на воздухот. Експертите ги повикуваат градските власти да преземат мерки за намалување на употребата на фосилни горива, промовирање на „зелен” транспорт и инвестирање во зелени површини.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот