Истражување: Секој десетти млад Американец смета дека Евреите го предизвикале холокаустот

Фото: John MACDOUGALL / AFP / Profimedia

Речиси две-третини од младите Американци не знаат дека во холокаустот се убиени шест милиони Евреи, додека секој десетти смета дека Евреите го предизвикале холокаустот, покажуваат резултатите од истражувањето на Конференцијата на еврејски материјални обвиненија против Германија (Claims Conference).

Од испитаниците на возраст од 18 до 39 години, 48 проценти не можеле да наведат ниту еден логор или гето од Втора светска војна, додека дури 23 отсто изјавиле дека холокаустот е мит и се претерува кога се зборува за тоа.

За холокаустот не слушнале еден од осум испитаници односно осум проценти.

– Резултатите од истражувањето се шокантни и тажни и покажуваат зошто преживеаните мора да зборуваат за тоа. Мораме да сфатиме зошто не ни оди добро во образованието на младите за холокаустот и лекциите од минатото. Ова треба да е аларм и показател дека треба да реагираат надлежните, изјави претседателот на Конференцијатра, Гидеон Тејлор.

Вкупно 63 проценти од испитаниците не знаеле дека во холокаусотот се убиени шест милиони Евреи, а 36 отсто од нив изјавиле дека се убиени два милиони луѓе или помалку. Додека 11 проценти одговориле дека Евреите го предизвикале холокаустот.

Во истражувањето биле испитани илјада луѓе по случаен избор во различни американски држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот