Истражување: Ризикот од згрутчување на крвта е до 10 пати поголем по зараза со коронавирус, отколку по вакцинирање

Вакцина/ Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Истражување спроведено на 500.000 пациенти кои заболеле од ковид-19 покажа дека згрутчување на крвта се јавило кај 39 лица на милион заразени, соопштија научници.

Тие велат дека ризикот од појава на ретка церерална венска синусна тромбоза (ЦВСТ) е осум до десет пати поголем по зараза со коронавирус отколку по примањето на некоја од постоечките вакцини против ковид-19.

Истражувачкиот тим од Оксфорд, кој потенцира дека студијата е работена независно од тимот што ја разви вакцината „Астра-Зенека“, соопшти дека ги споредиле податоците со Европската агенција за лекови, според кои пет лица на милион добиле ЦВСТ по вакцината „Астра-Зенека“.

– Ризикот од појава ЦВСТ по ковид-19 се чини дека е значително поголем отколку што беше по примањето на вакцината Оксфорд/„Астра-Зенека“, изјави пред новинарите Максим Такет од Оксфорд.

Такет рече дека стапката на смртност од ЦВСТ е околу 20 проценти без разлика дали се случила по инфекција со коронавирус или добиена вакцина, што укажува на тоа дека згрутчувањето е главен фактор на ризик.

Истражувачите истакнаа дека ковид-19 е повеќе поврзан со мозочен удар отколку со ЦВСТ и дека сегашната дебата за вакцините ја испуштила од вид можноста за појава на потешка форма на болеста.

– Важноста на ова откритие е дека се враќа на фактот дека ова е навистина страшна болест, со цела низа појави, вклучително и зголемен ризик од ЦВСТ, рече Џон Гедес, директор на истражувачкиот центар НИХР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот