Истражување: Повозрасните подобро се справуваат со коронакризата

epa08471010 People walk through the Retiro park in Madrid, Spain, 07 June 2020, a day before the city changes to phase 2 of the government's plan to gradually ease the lockdown measures implemented in a bid to slow down the spread of the pandemic COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. EPA-EFE/CHEMA MOYA

Повозрасната генерација, која ги преживеа војните и повоените години, доживеала повеќе вонредни состојби и има повеќе искуство во овој поглед. 

Од почетокот на кризата со коронавирусот, се тврди дека на возрасните лица ќе им биде најтешко за време на пандемијата, но студијата спроведена во Швајцарија ја побива оваа теорија.

На крајот на мај, Институтот за истражување Сотомо организираше кампања под мотото „Како си?”, во рамки на која беа анкетирани 10.000 луѓе од германското говорно подрачје на Швајцарија за тоа како да се справуваат со пандемијата. Резултатите се објавени во „Тагес Анцајгер”.

Според истражувањето, 59 отсто од луѓето на возраст над 65 години велат дека кризата не влијаела врз нив ниту позитивно ниту негативно. Во оваа група се зголемило чувството на благодарност и задоволство – за време на кризата многу луѓе сфатија колку се привилегирани граѓаните на Швајцарија.

За разлика од нив, во возрасната група од 14-24 години, само 40 отсто од испитаниците дале позитивна проценка поврзана со кризата. Меѓу овие луѓе се зголеми чувството на благодарност, но и на стресот и напнатоста.

Според експертите, од оние кои биле вклучени во студијата, младите луѓе биле најмногу потресени од кризата. Кај возрасните, обратно. Објаснувањето е дека повозрасната генерација, која ги преживеа војните и повоените години, доживеала повеќе вонредни состојби и има повеќе искуство во овој поглед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот