13 C
Скопје

Истражување: Повеќето граѓани сметаат дека општинските служби и инспекторите зависат од волјата на градоначалниците

Речиси 42 отсто од граѓаните сметаат дека една од најслабите алки на функционирањето на локалната самоуправа се општинските служби и дека тие во голема мера зависат од волјата на градоначалниците. Ова денеска го изјави Билјана Бејкова, извршна директорка на НВО Инфоцентар пред почетокот на дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје” што се одржува во Град Скопје.

Бејкова информира дека како граѓанска организација направиле темелно истражување за состојбата со општинските инспекторати, како и истражување на јавното мислење на национален репрезентативен примерок.

-Во скопскиот регион, нашето истражување на јавното мислење покажа дека 55 отсто од граѓаните сметаат дека општинските служби и инспекторите зависат од волјата на градоначалниците. А 40 отсто сметаат дека во суштина општинските инспектори не зависат само од волјата на градоначалниците, туку дека се во маѓепсаниот круг и на моќниците, во економска и во други сфери, рече Бејкова.

Таа посочи дека анализата на состојбите внатре и од работењето на општинските служби покажува дека речиси не постои општина во земјава, вклучително и Град Скопје и скопските општини, каде имаат доволно капацитет на општинските служби. Голем дел од општините, како што рече, имаат меѓуопштински договори кои често пати се само на хартија и не се ефикасни.

-Голем проблем за општинските инспектори е што им одговараат на градоначалниците така што постои висок ризик од корупција, рече Бејкова. Потсети на едно поранешно истражување на јавното мислење кај нас, кое покажало дека граѓаните на прво место ги перципираат инспекторите како потенцијално најкоруптивни, а втори градоначалниците.

Меѓу проблемите во оваа област, таа наведе дека нема доволно квалитетен кадар, нема доволно инспектори, луѓето не сакаат да бидат инспектори затоа што се чувствуваат несигурно, небезбедно, не се доволно платено. Немаат доволно техничка опрема, често пати законската регулатива е во колизија една со друга, постапувањата и процедурите се комплицирани… Сето ова нив ги натерално да почнат серија дебати и да се размислува за подобрување или нов модел на функционирање.

На дебатата, како што е најавено, ќе учествуваат повеќе градоначалници од скопските општини.

Поврзани вести

Оливие Веран потврди олеснување на епдемиолошките мерки во Франција од 19 мај

Слободен печат

Спасовски: Одделот за специјални полициски операции добива нова униформа

Слободен печат

Единаесет мртви во напад во Авганистан

Слободен печат

НУК со барање до Владата да бидат опфатени сите угостители со финансиската поддршка

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не сака ниту вакцини, ниту нов Клинички, сака само провизии!

Слободен печат

СДСМ: Процесот на масовна имунизација се спроведува со одлична динамика

Слободен печат

Остави Коментар