Истражување: Половина од Италијанците не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот

Додека целиот свет работи на пронаоѓање вакцина против коронавирусот, едно истражување покажа дека половина од анкетираните Италијанци не би се вакцинирале доколку ваквата вакцина била достапна.

Истражувањето на примерок од 1.000 луѓе е спроведено на универзитетот „Католика” во Кремона, а резултатите го објави дневниот весник посветен на здравствениот персонал на Котидиано ди Санита.

Според истражувањето, оние што би прифатиле да се вакцинираат се постари лица, пензионери, млади и студенти, додека членовите на средната генерација, вработените, претприемачите и работниците се скептични во врска со вакцинирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот