Истражување покажало како со „манипулација“ производителите влијаат врз нашата одлука за онлајн пазарење!

Доколку мислевте дека за време на онлајн-пазарење не може никој да ве „измами“, односно да ве наговори на нешто што не го сакате – тогаш сте во заблуда. Тоа го тврди британското Здружение за заштита на потрошувачи „Which“, кое на почетокот од јуни ги објави резултатите на едно истражување.

Во истражувањето учествувале 9.988 Британци, а засновано е на тоа како таканаречените „ѕвезди“ за оцена и пишувањето позитивни коментари под одредени производи, влијаат на нашето однесување и донесување одлуки.


Испитаниците биле внимателно одбрани, така што припаѓале на различни старосни и социоекономски групи, но биле еднаков број на мажи и жени со различен степен на образование. Истражувачите им нуделе да го изберат „најсоодветниот производ“ од понудените.

Некои имале за задача да изберат најдобри слушалки помеѓу 5 истакнати, а сите ја имале истата цена (15 фунти), додека другите добиле камери од 50 фунти. Имало и артикли кои достигнуваат цена и до 150 фунти, а сите интернет страници кои ги посетиле наликувале на Амазон. Секако, самите понудени производи претходно поминале детална анализа.

Таа анализа јасно покажала покрај кои производи треба да стои ознаката „Најдобро“, а покрај кои „Не купувај“.


Целта на истражувањето било да се утврди во која мера „натрпупувањето“ на добрите рецензии на интернет може да влијае врз одлуката на потрошувачот, односно на неговата мотивација да купи „погрешен артикл“. Контролната група на испитаници, не била изложена на манипулации, но затоа секоја наредна добивала се повеќе лажни коментари и ѕвездички.

Две групи биле изложени на техники кои можеле да ги наведат да мислат дека станува збор за лажно истакнување на производите како одлични. На пример, тие „искусните“ би требале да сфатат дека се претерано разубавени коментарите, односно лажни. Сепак, се покажало дека купувачите се многу склони кон верување на лажните рецензии.

Додека во контролната група, односно основната, производот означен со „не купувај“ бил одбран од страна на секој 10-ти испитаник, а во останатите групи изложени на манипулација – тоа го направил секој 4-ти испитаник. Освен контролната, биле уште 4 групи ставени пред различни предизвици. Најлошо поминала последната, четврта група.


Тука испитаниците биле изложени на лажни ѕвездички, лажни коментари, лажни пласмани на производите од самите трговци (на пример „препорачува Амазон“), па така процентот на купувачи кои избрале неквалитетен производ пораснал на 24,8%. Ситуацијата малку се поправила кога истражувачите им покажале банер со предупредување кое се однесува на лажните рецензии.

Тоа што понатамошното истражување го покажало, а е прилично поразително, бил фактот дека дури 19% од испитаниците избрале некој производ, дури и доколку знаеле за неговите лажни рецензии. Освен тоа, се воспоставило дека нивото на образување, годините или полот немале никаква врска со „паметниот избор“ на производи преку интернет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот