Истражување покажа кој тип дијабетес е пофатален во комбинација со коронавирусот

Фото: Архива

Луѓето со дијабетес тип 1 имаат поголема веројатност да починат од ковид-19 од оние со тип 2, според истражувањето на британската Национална здравствена служба (НХС), што потврдува дека дијабетесот значително го зголемува ризикот од умирање од коронавирус, пишува „Гардијан“.

Речиси секој трет пациент што починал од коронавирус меѓу луѓето во болниците во Англија имал дијабетес, се вели во студијата.

Луѓето со дијабетес тип 1, автоимуна форма на болеста, имаат три и пол пати поголема веројатност да починат при инфекција од ковид-19 од недијабетичарите. Додека, пак, луѓето со дијабетес тип 2, болест која е тесно поврзана со прекумерната тежина, имаат двојно поголема веројатност да починат доколку се заразат во споредба со оние што немаат дијабетес. Девет од 10 дијабетичари имаат дијабетес тип 2, а многумина меѓу нив се дебели.

Возраста, сепак, е одлучувачки фактор на ризикот за смртност на пациентите со која било форма на дијабетес доколку се заразат со ковид-19. Според најновите податоци за НХС, помладите луѓе со дијабетес имаат многу низок ризик од смрт во споредба со оние над 40 години, а особено во споредба со оние над 60 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот