Истражување откри во која доба луѓето се најсреќни!

Кризата во средните години на живот е присутна и се чини дека особено силно ги погодува луѓето над 47 години, според новото истражување на Дејвид Бланшфлоур, професор по економија на колеџот Дартмут.

Бланшфлоур неодамна објави два труда во кои се анализирани нивоата на среќа и несреќа за време на животот на една личност. По прегледот на податоците од приближно 500.000 луѓе од 132 земји, тој открил дека кај луѓето во напредните земји, нивото на среќа започнува да опаѓа на возраст од 47,2 години. Во земјите во развој, луѓето се најнесреќни на возраст од 48,2 години.

„Има криза во средните години со најниско ниво на задоволство околу 50-та година од животот, што беше и мојата најниска точка на среќа“, вели Бланшфлоур, додавајќи: „Но, постојат докази дека за повеќето луѓе работите се подобриле оттогаш“.

Студијата на Бланшфлоур, која ги зеде во предвид полот, образованието, брачниот статус и статусот на работна сила, дополнително ја поддржува теоријата на „кривата на среќата“, која вели дека нивото на среќа паѓа во првите децении на зрелоста и потоа достигнува дно кон крајот на 40-тите 50-ти години, по што повторно расте.

И има смисла: Повеќето луѓе во доцните 40-ти години се дел од она што се нарекува „генерација на сендвичи“. Тоа е, тие се грижат истовремено за постари родители и за сопственото семејство.

„Финансиски, тие можат да им помагаат на здравствените потреби на своите родители, а во исто време да плаќаат за образованието на нивните деца“, вели Џони Тејлор, претседател и извршен директор на Друштвото за управување со човечки ресурси за CNBC.

Работниците во доцните 40-ти години, исто така, најверојатно ќе бидат на средни раководни позиции. Преземањето поголема одговорност на работа може исто така да влијае негативно на вашето ниво на среќа, вели Тес Бригам, терапевт од Сан Франциско.

Понатаму, можеби токму во овие години тие го достигнуваат врвот на својата кариера и се наоѓаат во време кога има малку простор за напредување, а пензионирањето е далеку со децении.

„Задоволството од работата е тесно поврзано со целокупното задоволство од животот“, објаснува Тејлор. „Луѓето сè повеќе признаваат дека тие се во голема мера дефинирани со нивните достигнувања во кариерата“.

Жалењето и несигурноста исто така можат да играат улога, вели психологот Неда Гулд. Тоа е кога луѓето од средна возраст често жалат за пропуштените можности, но и се плашат од следната фаза од животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот