Истражување откри колку време е потребно за да се преболи раскинување на врска

љубов
Врска, љубов / Фото: Unsplash / Wira Dyatmika

Никогаш не е лесно да се биде сам, а посебно им е тешко на оние на кои неодамна им било скршено срцето.

Преболувањето по прекин на рска се чини невозможно кога сте по цел ден затворени во четири ѕида со своите мисли, посебно ако сте сами во изолација.

Добрата вест е дека времето ги лекува сите рано, иако резултатите од ново истражување на оваа тема и нема да ве утешат.

Истражувањето е објавено во стручниот магазин „Journal of positve psychology“, во кое учествуваа 155 млади лица, а кое откри дека опоравувањето од раскинување во просек трае три месеци, односно 11 недели.

Дури 71 отсто од испитаните рекле дека по толку време успеале да ги препознаат позитивните страни од прекинувањето на врската и да продолжат со своите животи.

Сепак, важно е да се запамети дека овде се зборува за просек и дека е возможно на вас да ви треба помалку, односно можеби дури и повеќе време за да го преболите раскинувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот