Истражување: Носењето заштитни маски ја намалува стапката на смртност од ковид-19

делта сој
Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Истражување спроведено од американскиот Универзитет во Вандербилт покажа дека носењето маски ја намалува стапката на смртност од вирусот во некои подрачја најмалку двапати.

Во раните фази на пандемијата имаше недостиг на истражувања што ќе ги потврди придобивките од носењето маски кај населението во кои единствената разлика во примерокот ќе биде во тоа што дел од популацијата на земја со слична популација, култура и слични навики носи маски, а друг дел не.

Ваква студија конечно беше спроведена деновиве и објавена во вторникот од страна на научници од Универзитетот во Вандербилт. Тие откриле дека окрузите во сојузната држава Тенеси, кои не вовеле задолжително носење маски, забележале најмалку двојно поголема стапка на смртност од оние што бараат покривање на лицето.

Во моментов, во области без обврска да носат маски, се регистрираат повеќе од четири смртни случаи на 100.000 луѓе секоја недела, додека во областите што го усвоија ова правило во текот на летото, стапката на смртност е околу две лица неделно.

Во областите кои рано прифатија задолжително носење маска пред ширењето на епидемијата, во јули и август, стапката на смртност е близу една личност неделно на секои 100.000 луѓе. На пример, Несвил, кој ја воведе обврската на крајот на јуни, забележа 53 смртни случаи на 100.000 луѓе од март досега. Од друга страна, округот Клеј, каде нема обврска да се носи маски, забележа 223 смртни случаи на 100.000 луѓе од почетокот на пандемијата, најлошата стапка на смртност во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот