Истражување: Над 20 проценти од заразените со ковид-19 се соочуваат со опаѓање на косата

Profimedia
Фото: Tatjana Urosevic / Panthermedia / Profimedia

Најновото истражување покажува дека над 20 проценти од луѓето кои биле заразени со ковид-19, покрај заморот, губењето на мирисот и болки во градите, се соочуваат и со опаѓање на косата.

Во студијата објавена во списанието „Лансет” се наведува дека кај 359 од 1.655 хоспитализирани во Вухан, односно 22 отсто од пациентите се соочиле со паѓање на косата шест месеци по лекувањето.

Дерматолозите наведуваат дека паѓањето на косата е нормален психолошки одговор на стресот и тоа е привремено, но оти ковид-19 може да предизвика алопеција односно трајно опаѓање на косата.

– Целата на студијата беше да се утврдат долготрајните последици врз луѓето кои прележале Ковид-19, се наведува во студијата на Кинеската академија на медицинските науки. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот