Истражување на италијански научници: И гените имаат улога во развој на тешки облици на ковид-19

Фото: EPA-EFE/DARREN ENGLAND AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Некои генетски предиспозиции се причини што дел од инфицираните лица со ковид-19 развиваат тешки облици на болеста, потврди истражување на италијански научници чии резултати се објавени во публикацијата „Популар Сајенс“ што е наменета за медицинскиот персонал, пренесува агенцијата Танјуг.

Научниците во истражувањето се базираа на примероци од 1,7 милиони на податоци што се потхранети во меѓународниот ковид-19 центар „Host Genetics Initiative“ во чиј состав влегуваат 143 истражувачки центри од целиот свет.

Меѓу истражените примероци се и оние од 7.000 лица кои развиле тешки облици на вирусот.

Значењето на ова истражување е во тоа што на научниците и на медицинскиот персонал ќе овозможи да го предвидат текот на заразните болести и во склад на тоа да преземат мерки или да препишат лечење.

Претходни истражувања потврдија дека повозрасните пациенти повеќе и полчесно се заразуваат со тежок облик на ковид-19. Исто така, досегашните истражувања покажаа дека мажите почесто заболуваат од коронавирусот, како и дека тешки клинички слики се забележани кај пациенти со хронични болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот