Истражување на EY: Франција водечка европска дестинација за нови странски инвестиции

Истражувањето на деловниот сектор на EY, спроведено кон крајот на април, исто така, покажа дека многу проекти во Франција може да бидат ревидирани како резултат на корона-кризата.

Франција за првпат ја зазеде позицијата на главна европска дестинација за нови странски инвестиции, оставајќи ги зад себе Велика Британија и Германија. Тоа го покажа истражувањето на консултантската фирма EY објавено денеска.

Минатата година Франција привлече 1.197 странски инвестициски проекти што е за 17 проценти повеќе од 2018 година, објави EY.

На второ место е Велика Британија со 1.109 проекти, пет проценти повеќе од една година порано. Следува Германија со 971 проект, непроменет број во однос на претходната година.

Истражувањето на деловниот сектор на EY, спроведено кон крајот на април, исто така, покажа дека многу проекти во Франција може да бидат ревидирани како резултат на корона-кризата.

Две третини од анкетираните деловни лидери очекуваат оваа година да ги ревидираат плановите за инвестиции поврзани со Франција и 15 проценти да ги одложат до 2021 година. Никој нема намера да ги откаже или додаде нови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот