Истражување на британските авиокомпании: Брзите тестови подеднакво ефикасни како и карантинот

epa08603696 Tourists arriving at Perugia's airport take a coronavirus test, in Perugia, Italy, 14 August 2020. People returning to Italy from trips to Spain, Croatia, Malta and Greece, which are considered of high risk due to an increase in coronavirus contagion, are to be tested for the coronavirus and will now have to have swabs after returning. EPA-EFE/Gianluigi Basilietti

Брзи антигенски тестови по враќањето на патниците од патување можат да бидат подеднакво ефикасни како карантин во запирање на увезените случаи на ковид-19, покажуваат податоците од новата студија за која туристичката индустрија се надева дека ќе ги убеди земјите да ги отворат своите граници во текот на летото.

Истражувањето, направено по барање на сопственикот на Бритиш ервејс IAG, Вирџин Атлантик и други, покажа дека брзите тестови за антигени по враќањето во земјата се подеднакво ефикасни како и десетдневна самоизолација кога станува збор за намалување на бројот на увезени случаи на ковид-19.

Минатата година, британските правила за десетдневен карантин по враќањето во земјата за патниците од повеќето земји ја уништија туристичката индустрија затоа што ги одвратија луѓето од патување.

По една година ограничувања и минимални приходи за авиокомпаниите, тие се надеваат дека ќе почнат патувањата, а кога тоа ќе се случи, тие сакаат на списокот на дестинации да има што помалку места за кои треба да се применат карантински мерки по враќањето.

– Веруваме дека меѓународните патувања можат да продолжат безбедно преку постепено ублажување на потребите за тестирање и гранични ограничувања со проценка на ризик базирана на наук”, изјави извршниот директор на Вирџин Атлантик, Шаи Вајс. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот