Истражување: Можно е да не постои долгорочен имунитет на коронавирусот

Студија спроведена во Германија се изразува сомнеж дека лицата заразени со новиот коронавирус, по лекувањето, создаваат трајни антитела и со тоа се заштитени од ново заболување.

Во болница во Швабинг тестовите на крв кај девет пациенти, кои биле на интензивно одделение, покажале дека тие немаат речиси никакви антитела на Ковид-19.

Исто така кај 40 проценти од пацентите без симптоми, два месеци по заболувањето, во крвта немале антитела.

– Во редовните прегледи утврдивме дека кај 40 проценти од нашите пациенти не настанале антитела. Тоа докажува дека нема долгорочен иминутет и оти пациентите повторно би можеле да заболат од коронавирус, изјави главниот лекар на болницата во Швабинг, Клеменс Вендтнер.

И германскиот виролог Кристијан Дростен изјави дека кај некои пациенти исчезнуваат антителата односно слабеат по два месеца. Тој додаде дека антителата се само еден, а не единствен индикатор за имунитет.

Истражувањето на научниците открива: Антителото по закрепнување од коронавирусот не трае долго

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот