Истражување: Луѓето кои биле заразени од ковид-19 не се целосно заштитени од повторна инфекција

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Луѓето кои веќе го прележале ковид-19 не се целосно заштитени од повторна инфекција, предупредува нова студија на американски научници.

Истражувачи од Медицинскиот факултет ИСММС во Њујорк анализирале податоци за повеќе од 3.000 здрави припадници на американскиот марински корпус на возраст од 18 до 20 години, пишува британски „Дејли меил”.

Весникот наведува дека тие откриле дека околу 10 проценти од луѓето вклучени во студијата кои претходно биле заразени од ковид-19 повторно биле инфицирани.

Авторите на студијата предупредуваат дека вакцинацијата, и покрај претходната инфекција и присуството на антитела, сепак е неопходна за зајакнување на имунолошкиот одговор, спречување повторна инфекција и намалување на преносот. Наведено е дека треба да се имунизираат и младите. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот