Истражување: Kолку мутации на коронавирусот може да се појават?

EPA EFE
Фото: ЕПА

Нормално е вирусите да мутираат, затоа не е изненадување што тоа е случајот и со „SARS-CoV-2“. Но, дали има ограничување колку вирусот може да мутира и да се заразуваат луѓето или вирусот навистина може бесконечно да се развива? Еве што вели науката.

Има ограничување, но не знаеме точно каде се повелкува таа граница. Затоа, невозможно е да се предвидат сите можни мутации низ кои може да помине вирусот“, велат вирусолозите во интервју за „Live Science“.

Бројот на можни генетски мутации е огромен, поголем од збирот на сите атоми во видливиот универзум“, вели Винсент Рачаниело, професор по микробиологија и имунологија на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Profimedia
Profimedia

Генетскиот код на коронавирусот, кој се состои од четири различни хемиски бази или молекули што може да се опишат со четири букви од азбуката, е долг 29.881 буква. Тие букви даваат упатства за создавање на 9860 аминокиселини и структурата на протеините на вирусот. Кога се менуваат овие хемиски бази, се менуваат и аминокиселините, кои можат да влијаат на протеинската форма на вирусот. А тие промени во обликот можат да влијаат на функциите на вирусот, на пример, како тој се врзува за клетките во организмот на човекот.

Претходните студии за други „RNK“ вируси – кои како „SARS-CoV-3“ имаат единствена „RNK“ низа како генетски материјал – откриле дека повеќе од половина од базите во овие вируси можат да бидат променети, објаснува Рачаниело.

Математички, ова значи дека ако вирусот е долг 10.000 базни парови, постојат 4 ^ 5000 можности на генетската низа. Ако равенката е валидна за вирус како „SARS-CoV-2“ чиј генетски код е три пати подолг, тоа би значело дека за неговата генетска низа може да има 4 ^ 14 941 различни можни комбинации. И тоа не е сè – постојат и други мутации како бришење или вметнување во геномот, што дополнително би можело да го зголеми бројот на можности, предупредува Рачаниело.

За среќа, повеќето од овие мутации не се важни и огромен број од нив се искоренуваат за брзо. Значајните мутации обично се јавуваат на „spike“ протеинот на коронавирусот , „оружјето“ со кое се прицврстуваат на „ACE2“ рецепторите на површината на човечките клетки.

Покрај тоа, не секоја мутација ќе се идентификува како нова варијанта“, вели Џон Мур, професор по микробиологија и имунологија на Универзитетот Корнел. „Тивки мутации се случуваат, но не се релевантни“, вели тој.

Profimedia
Profimedia

Варијантите што се идентификуваат и именуваат обично имаат некои позначајни својства, како што се поголема способност на вирусот да се пренесе на луѓето или отпорноста на вакцини, како што се сегашните британски, јужноафрикански или бразилски мутации на коронавирусот.

Будното следење на научниците може да им помогне да ги анализираат промените во геномот на вирусот со случајно земање примероци од заразената популација. Откако ќе препознаат потенцијално важни мутации, на пример врз основа на тоа каде во геномот се случуваат промените, тие можат да предвидат како ќе се однесува таа мутација.

Но, за да се разбере како мутацијата го променила однесувањето на вирусот, треба да се направат експерименти на вирусот или протеините“, објаснува Мур.

Доменот на врзување на рецепторите „RBD“ е едно, но не и единствено место каде може да се појават мутации. Се состои од 223 аминокиселини, од кои 22 контактираат со „ACE2“ рецепторот на човечките клетки.

Која било од овие аминокиселини може да се смени поради мутации во основната генетска низа на доменот и да го зголеми контактот со човечките клетки, а со тоа и можноста за инвазија“, вели Рачаниело.

„SARS-CoV-2“ циркулира во човечката популација прекратко, за научниците да предвидат кои варијанти би можеле да се појават во иднина.

Би било убаво да се биде чекор пред вирусот и врз основа на симулации да се предвиди кои други мутации може да се појават,  но тоа е малку веројатно со оглед на степенот до кој вирусот може да мутира.

Вообичаените мерки на претпазливост и редовната вакцинација се единствените начини да се запре ширењето на вирусот. Бидејќи колку повеќе вирусот се шири, толку се поголеми шансите да мутира.

Вирусите не можат да пуштат ножици и да ги исечат маските, ниту можат да скокнат на 50 метри. Тие сè уште се само коронавируси и сè уште можат да исчезнат доколку се придржуваме на стандардните процедури“, вели професорот Мур.

Носете заштитни маски, мијте раце и држете растојание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот