Истражување: Колинда ја губи поддршката, Милановиќ се поблиску

ХРТ во вестите објави резултати од анкети во врска со тоа, во случај сега да се одржи прв круг од претседателските избори во Хрватска, кој кандидат би ја имал предноста, јавува Индекс.хр.

Според ова, Колинда Грабар Китаровиќ, актуелната претседателка на Хрватска, сега би освоила 28,5 отсто од гласовите, Зоран Милановиќ 24,8 отсто, а на трето место е Мирослав Шкоро со 18,2 отсто од гласовите.

На 21 мај последен пат е објавено вакво големо истражување. Од тогаш до денеска Колинда загубила 6,17 отсто од гласовите, речиси исто толку колку што напредувал Зоран Милановиќ, за 6,27 отсто.

Разликата меѓу нив двајца во мај изнесувала малку повеќе од  16 отстотни поени, а сега таа изнесува помалку од четири.

Најголем напредок сепак забележал Мирослав Шкоро, поддршката на гласачите за овој кандидат пораснала за 8,86 отстотни поени.

Предноста на Колинда во однос на Шкоро е намалена за повеќе од 25 отстотни поени на околу 10.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот