Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Фото: EPA-EFE/WANG HAIBIN CHINA OUT

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница.

Според студија на британскиот универзитет Лестер и официјална статистика, едно од осум лица починало како последица на здравствена компликација.

Од 47.780 лица кои биле отпуштени од болница во Велика Британија, 29,4 проценти морале да се вратат во болницата по 140 дена. Од таа бројка, 13,3 проценти починале.

Многу луѓе кои имале долгорочно дејство на коронавирусот, имаат здравствени проблеми со срцето, дијабетесот, црниот дроб и бубрезите, покажа истражувањето.

– Луѓето ја напуштаат болницата, имаат долгорочни последици од коронавирусот, се враќаат во болницата и умираат. Гледаме дека тоа беше случај со 30 проценти од луѓето, а тоа е многу. Бројките се навистина голем, изјави авторот на студијата Камлеш Кунти.

Според него, потребно е да се подготвиме за она што се нарекува долгорочен коронавирус. Затоа, тој смета дека е потребно да се обезбеди следење на пациентите за време и по третманот.

Кунти, кој е експерт за третман на дијабетес и васкуларна медицина, вели дека постои многу поголема можност оние кои биле лекувани од коронавирус повторно да бидат примени во болница, во споредба со оние кои имале други здравствени проблеми.

Тој посочи дека има многу кои повторно биле примени во болница, но со некои нови дијагнози. Затоа, тој ја забележа важноста на соодветната терапија.

Меѓу оние кои повторно побарале медицинска помош откако се лекувале од коронавирус биле луѓе кои имаат проблем со дијабетес или срцеви заболувања, пренесува Њујорк Тајмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот