Истражување: Четвртина од Германците работат од дома

Фото: Navarro Parcerisas Carles / Alamy / Alamy / Profimedia

На крајот на минатиот месец речиси четвртина од сите вработени во Германија работеле од дома, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од фондацијата „Ханс Беклер”.

Овој податок значи дека бројот на луѓето кои работат онлајн е значително зголемен, што гермаманската Влада и го очекуваше како дел од напорите да се намали бројот на нови инфекции со коронавирус во текот на зимата.

Во јануари 2021 година, владата во Берлин побара од компаниите да им овозможат на вработените да работат од дома секаде каде што тоа е можно, пренесуваат германските медиуми.

Во ноември само 14 проценти од вработените работеле на далечина или целосно од дома, а во декември тој процент се зголемил на 17 проценти.

Во април минатата година, во пикот од првиот целосен „локдаун” на земјата, 27 проценти од вработените во Германија работеа од дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот