Истражување: Британскиот сој на коронавирусот предизвикува поголема смртност за 64 проценти

Компаративните анализи на студија спроведена во Англија на примерок од 54.906 соодветни парови на испитаници кои биле позитивни на коронавирус помеѓу 1 октомври 2020 година и 29 јануари 2021 година потврдија дека смртноста кај лицата заразени со британскиот сој на коронавирус е поголема.

Познато е дека вирусот се шири дури 50 проценти побрзо, но новата студија, објавена на платформата medRxiv, која сè уште не е финално одобрена  открива дека британскиот сој е  посмртоносен за околу 64 проценти.

Британскиот сој на коронавирусот има релативно голем број од 23 мутации на генетскиот код , како и поради некои мутации овој сој од 40 до 70 отсто побрзо се пренесува од првата варијанта што ја предизвика пандемијата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот