Истражувачкиот брод „Поларстерн се врати во Бремерхафен: Наскоро ќе нема мраз на Арктикот

Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Предводникот на едногодишната истражувачка мисија на Арктикот, Маркус Рекс изјави дека наскоро ќе нема мраз на Арктикот во летниот период од годината.

– Гледаме како умира Арктикот. Таму наскоро ќе нема мраз во текот на летата. Тоа може да предизвика далекусежни последици по цел свет, посочи Рекс.

Тој наведе дека за време на мисијата извршиле разни мерања.

– Донесовме дома многу податоци, заедно со значителено количество мраз, снег и вода, посочи Рекс.

Бродот „Поларстерн” денеска се врати во Германија по 389 дена минати на Арктикот. Во мисијата учествуваа над 300 научници од 20 држави, меѓу кои САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина, а проектот чинеше 150 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот