Истражувачите го пронајдоа клучот на здравиот живот: Ова е најважно!

Луѓето кои се посреќни живеат поздраво од мрзливите. Истражувањето објавено во магазинот „Psychological Science“ покажало дека позитивниот поглед на животот има добар удел на физичкото здравје.

За време од шест месеци американските психолози проучувале како подобрувањето на животниот стил влијае на физичкото здравје на луѓето кои не биле во болница или примале лекови. Одбрале 155 возрасни личности на возраст од 25 до 75 години и ги распоредиле во две групи: на едните им понудиле позитивна психолошка интервенција во траење од 12 недели, а другите биле контролирани.

Во првите три недели испитаниците се фокусирале на своите лични вредности, сила и цели. Наредните пет недели ги покривале емоциите и свесноста, а последните четири недели ги подучувале на техники за благодарност и поттикнување на позитивни друштвени интеракции и поголем удел во заедницата.

Програмата се состоела од неделни модули кои ги водел едуциран лекар. Ниту еден модул не бил наменет да го поремети физичкото здравје или здравото однесување како спиење, вежбање или исхрана.

По завршување на програмата на учесниците им биле споделени индививуалните проценки и препораки кои ќе им помогнат да бидат посреќни. Потоа истражувачите продолжиле да ги следат.

Оние кои биле вклучени во 12 неделниот програм, три месеци подоцна биле поздрави и во подобра состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот