Истражувачи до Цукерберг: Фејсбук да не му дозволува на Трамп да дезинформира

Фото: Твитер

Десетици истражувачи, чија работа е финансирана од фондациите на Марк Цукерберг, мнозинскиот сопственик на Фејсбук, во писмо му потенцираат дека социјалната мрежа не смее да му дозволи на американскиот претседател Доналд Трамп, како што кажуваат, да шири дезинформации и запалливи изјави.

Истражувачите, меѓи кои и 60 професори од водечките истражувачки институти во САД, побараа од Цукерберг да размисли за воведување построга политика кон дезинформациите и распалувачката реторика што им штети на луѓето, особено за време на превирањата околу расната неправда, што и натаму трае во САД.

Според американските медиуми, истражувачите тврдат дека писмото има повеќе од 160 потписници и дека околу 10 проценти од нив се вработени токму во фондациите што ги водат Цукерберг и неговата сопруга Присила Чен.

Писмото, конкретно, го критикува Цукерберг за неговата одлука на било кој начин да не реагира на контроверзната изјава на Трамп на Фејсбук , во која тој во одговорот на немирите во Минеаполис, што избија откако бел полицаец го уби Афроамериканецот Џорџ Флојд, самиот напиша „кога ќе почнат грабежи, почнуваат и пукањата “.

Авторите на писмото истакнуваат дека изјавата јасно охрабрува насилство, а по неа Цукерберг најави дека ќе размисли за воведување на други можности за Фејсбук да реагира на постовите што ги кршат правилата на однесување на оваа социјална мрежа, бидејќи засега има само две опции: содржината да се означи како несоодветна или да се отстрани.

За споредба, Твитер објавите на Трамп со истата реторика веќе ги објави за несоодветни и ги деградираше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот