Истражители роварат во СЈО, се бараат договорите за доверливост

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Истаражители по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предмалку влегоа во зградата на СЈО за да ги приберат документите потребни за финансиската истрага – дознава ТВ 24 од свои извори.

Се бараат сите договори за вработување, договорите за доверливост, исплати на плати, надоместоци и бонуси. Русковска ќе испитува дали имало финансиски злоупотреби.

Ова е реакција откако базата на „Отворени финансии“ исфрли на површина дека Катица Јанева земала 157 000 илјада евра додаток за доверливост во својот четири годишен мандат.

Беа објавени и сумите кои се движат помеѓу осумдесет и сто илјади евра на останантите обвинители, но и десетици илјади ерва додатоци за истражители и соработници на ова обвинителство па дури и новинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот